Бадел 1861 има шанса за израмнување на сметките!

153

Бадел 1862 продолжува со мечевите во јадранската Супер-лига. Нов предизвик за избраничките на Перо Стамески е Будуќност, а македонскиот вицепрвак е домаќин на оваа средба (19 часот).

Двата тима се сретнаа на почетокот на јануари, а Бадел 1862 беше минимално поразен со 69-64 во првиот меч од Супер-лигата и покрај тоа што имаше убедливо водство. Сега македонскиот тим ќе има шанса за поправен.

„Продолжува пеколниот ритам на натпревари во домашното првенство и настапите во Супер лигата. Ни гостува една од досега најдобрите екипи во лигата, со само еден загубен натпревар од Цинкарна Цеље, и со обезбеден фајнл-фор. На гостувањето во Подгорица пропуштивме голема шанса за големо изненадување и победа, во кој натпревар на почетокот на четвртата четвртина имавме и двоцифрена предност, а до 38 минута имавме водство, но го загубивме натпреварот. Овој пат на домашен терен и потпомогнати од нашите навивачи ќе се обидеме со сите сили да оствариме победа против големиот фаворит, за што сум убеден дека девојките ќе дадат се од себе за остварување на оваа цел“, изјави Перо Стамески.

Бадел 1862 е на последното место на табелата со една победа во Супер-лигата.

ПретходноДардан во Пекинг со последни подготовки пред стартот на ЗОИ 2022 (ФОТО)
СледноДолгот на Металург е 90.000 евра: Блажевска ќе бара поддршка од РФМ и ЕХФ, клубот нема да згасне!