Тренерот на Лидс Ј., Марсело Биелса го сподели своето мислење за неговите колеги Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Јирген Клоп (Ливерпул). Аргентинецот е воодушевен од Гвардиола и од начинот на кој тој размислува и ја гради играта на својот тим.
„Гвардиола не е некој што треба да се толкува, туку некој во кој треба да се ужива. Кога ќе видите што прави на тренерското место, добивате едно посебно задоволство. Ако некој се обиде да го репродуцира она што тој го прави, тоа ќе биде многу тешка задача. За да се репродуцира неговото дело, тоа мора да се протолкува, а ми се чини дека е невозможно да се разбере како функционира мозокот на Гвардиола, барем за мене. Клоп, ми се чини, е тренер со свој уникатен стил. Исто така, многу е пријатно да се гледа играта на неговиот тим. Но, полесно е да се сфати“, изјавил Биелса.