Вардар со несмален интензитет продолжува на подготовките за вториот дел од сезоната. Никола Глигоров, предводникот на скопските „црвено-црни“ вели дека е задоволен од досегашниот тек на подготовките и со нетрпение се очекуваат преостанатите тест-средби во Анталија.
„Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број на тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет“, вели тренерот на „црвено-црните“.
„Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2:0. Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски. Ни остануваат уште 3 натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија“, заклучува Глигоров.