Македонскиот скијач Дардан Дехари, нестрпливо ја очекува својата прва трка, но не запира со своите подготовки под будното око на својот тренер и олимпиец Антонио Ристовски, кој веќе четвртипат е на Олимписките игри.
Условите во Пекинг се извонредни и покрај исклучително студеното време. Со нетрпение ја очекуваме церемонијата за свеченото отварање на Пекинг Олимписки игри 2022 на која Дехари и Ана Цветановска ќе бидат наши знаменосци.