Дардан Дехари е знаменосецот на Македонија на ЗОИ во Пекинг

233
На отворањето на овогодинешните Зимски Олимписки Игри во Пекинг, нашата делегација ќе ја предводи претставникот во алпски дисциплини Дардан Дехари.
Тој ќе биде единствен носител на македонското знаме на отварањето на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 затоа што Ана Цветановска (која на сите КОВИД тестови е негативна) беше во близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на Ковид 19), па нема да може да го носи македонското знаме.
Доколку има два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.
ПретходноБиелса за Пеп: Невозможно е да сфатите како функционира неговиот мозок
СледноДве имиња во игра за местото на Симиќ во Работнички!