Две имиња во игра за местото на Симиќ во Работнички!

609

За Работнички оваа сезона е една од најтешките. Најтрофејниот кошаркарски колектив тргна со Тони Симиќ на клупата, имаше и солиден состав, но поради финансиски проблеми ја фати удолница.

На првиот меч по паузата беше поразен од дебитантот Феникс, одигра без странските засилувања, сите го напуштија тимот. По овој натпревар Тони Симиќ и раководството на клубот одлучија да се разделат, веќе се бара решението за испразнетото тренерско место.

Во игра за клупата на „црвено-белите“ се двајца тренери. Станува збор за Марјан Србиноски и Игор Михајловски. Првиот, последниот ангажман го имаше во Гостивар, заврши минатата година, а има искуство во таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Михајловски, последен тим кој го водеше беше Куманово, но на кратко, откако две години беше на клупата на Кожув. Михајловски на клупата на Куманово беше и во периодот од 2014 до 2015 година.

Од таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив има најави за подобри денови, ќе се расчистат долговите, а веќе од следната сезона, Работнички одново ќе атакува на титули. Првична цел е да се застане на стабилни нозе. Работнички е на седмото место на табелата во Првата лига, има седум победи и шест порази.

ПретходноДардан Дехари е знаменосецот на Македонија на ЗОИ во Пекинг
СледноОткажани тест мечевите на МЃП и Силекс во Анталија поради лошо време