Металург минува низ тешки денови. Овој тим не само што доби суспензија за настап во европските клупски лиги, туки и во националното првенство. Причината за ваквата одлука на ЕХФ која стигна до РФМ се двете тужби од страна на Александаер Шпенде и Зоран Кастратовиќ.
Претседателката на Металург денeска свика прес-конференција на која ја објасни целата ситуација. Најави дека долгот ќе биде подмирен, но ќе бара поддршка од РФМ во следните 15 дена до добивањето на ваучерот. Со Шпенде вели дека се договорени, но за Кастратовиќ ја оспорува одлуката на ЕХФ и најави веќе жалба. Вкупниот долг заедно со тужбата на Кастратовиќ изнесува 90.000 евра.
„Треба да зборуваат фактите, а не гласините, кои што доаѓаат од многу страни. Вистината е една, иако има две страни. Металург доби одлука која е чудна, не суспендираа од нашето првенство, поради долговите за Шпенде и Кастратовиќ. Пред три години кога дојдов одлучив да изберам насока која е чесна и исправна. Имав една сметка која е блокирана, една сметка чиста и слободна. Можевме да го избереме другоиот пат, но ќе ги навредивме оние кои се направиле за Металург да биде најсилен. Ја оспоруваме одлуката на ЕХФ за Кастратовиќ, бара да се исплатат седум плати до крајот на договорот. Тоа не е чесно, парите не се заслужени. Јас ги прифатив платите кои ги одработил, како и премијата. Не го прифаќам неговото барање бидејќи сам даде отказ. Зборев со Катстратовиќ не можеме да се најдеме заеднички решени. Со Шпенде се договоривме. Ќе побарам состанок од РФМ, да излезат во пресрет. Металург се и младите категории, цело време се борам со грабеж на играчи, ако не нема, ќе биде голема штета. Моето барање ќе биде да најдеме заедничко решение, на 15 дена до пред доделувањето на ваучерот. Овие три кола за исклучување од лигата да ги водиме како одложени, да ги одиграме на крајот на месецот, кога ќе можеме да ја завршиме оваа задача,“ рече Блажевска пред медиумите.
Металург нема да згасне тоа е најважната порака на денешната прес-конференција.
„Доколку Металург ако биде исфрлен од Супер-лига, нема да згасне, ќе функционира преку Металург РА. Нема да се стави клуч на врата, сите оние кои тријат раце и се надеваат дека ќе ја земат салата или пак дел од играчите, ќе морам да ги разочарам, нема да згасне. Најголеми губитници ќе бидат оние кои играле, а имаат побарување и треба да бидат исплатено.
Доколку Металург испадне, најголеми губитници ќе бидат играчите. Ќе најдам начин, нема да се откажам, ќе ги сервисирам новите побарување. Од следната недела ќе најдам решение, се надевам дека ќе имам разбирање од РФМ и ЕХФ, како и двајцата кои ги чекаат парите’. Првиот човек на клубот Минчо Јорданов е позадината на клубот. На прашањето дали тој помага, Блажевска рече дека со почетокот на ковид-ситуацијата за сите станало тешко. „Јорданов даде пари кога требаше најмногу, не може да се оспори неговата поддршка. Можеби се ќе беше поинаку доколку ковид-ситуацијата не се случеше. Спортот се стави во втор план, сите гледаат да ги спасат своите бизниси, за жал. Не се откажа од клубот, во моментот е ситуацијата е така, тешко е кај сите“. – рече Блажевска.