Во Евролигата се одиграа четири натпревари. Црвена Звезда на домашен терен доживеа пораз од Монако 80:91 иако на полувреме водеше со 13 поени разлика. Во вториот дел тотално потонаа и на противникот му дозволија да слави победа.
Во Милано се соочија Олимпија и Фенербахче. Турција победија со 71:60, а во еден момент од мечот се спречкаа играчите на двата тима. И тренерите на двата тима Ѓорѓевиќ и Месина имаа што да си кажат, а притоа се жалеа на судиите.
Сепак, мечот продолжи и Фенер славеше победа.
Баерн дома го победи Макаби со 70:52, а Барселона славеше убедливо против Панатинаикос 86:60.
What is going on? 😱 A fight emerges between Olimpia Milano’s and Fenerbahce’s players in a HOT ending 😮 pic.twitter.com/FXMr7FMwJn
— BasketNews.com (@BasketNews_com) February 3, 2022