ЗОИ 2022: Германците ќе добиваат по 20.000 евра за злато

122

Германскиот олимписки комитет денеска објави какви ќе бидат финансиските награди за нивните олимпијци кои ќе се вратат со медал од Зимските олимписки игри во Пекинг кои официјално започнуваат утре.

Според информацијата потврдена од Германскиот олимписки комитет, секое злато на Игрите во Пекинг ќе го наградат со бонус од 20.000 евра. Среброто ќе донесе премија од 15.000 евра, а бронзените медалисти ќе добиваат по 10.000 евра.

Интересно е што и оние германски спортисти кои ќе имаат пласман од 4. до 8. Место ќе добиваат парични бонуси и тоа од 1.500 до 5.000 евра во зависност од пласманот.

ПретходноСудијата кој свирна крај во 85. минута: Бог ми рече да отсвирам крај!
СледноУЕФА ќе признава само вакцинирани фудбалери