Камерун во солзи, Египет се пласира во финалето на Африканскиот куп

438

Репрезентацијата на Камерун, домаќинот на Африканскиот куп на нациите не успеа да стигне до трофејот откако вечерва на домашен терен претрпе елиминација во полуфиналето од Египет. Понатаму отидоа „фараоните“ кои повторно ќе играат за трофејот по пауза од пет години.

Инаку дуелот на најтрофејните тимови во Африја (Камерун пет, Египет седум титули) заврши без голови во регуларниот дел како и по продолженијата.

Треба да се каже и дека Египет во 90 минута остана без селекторот Карлос Кеирош кој заработи црвен картон поради протести кон судијата.

Во пенал рулетот Камерунците се посрамотија. Абубакар погоди во првата серија, а потоа тројцата соиграчи после него промашија (Мукуди, Леа и Нжие) додека Египќаните ги реализираа сите удари од белата точка (Зизо, Абделмонем и Лашин).

Конечниот резултат е 1:3 за Египет.

Во финалето закажано за во недела Египет ќе игра против Сенегал кој вчера со 3:1 го елиминира Буркина Фасо.

Претходно„Зијеш е затворена страница за националниот тим, него не може да му се верува“
СледноЕВРОЛИГА: Фенер славеше во Милано, ќотек го одбележа мечот