0
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска во 1/8 финалето на ИТФ фјучерсот во Манакор (Шпанија) успеа да ја победи Холанѓанката Лесли Патинама Керкове со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4 во гемови) и со тоа да се пласира во четвртфиналето на овој силен турнир.
Интересно е тоа што пред мечот Македонката важеше за аутсајдер, но ете, по добра игра успеа да дојде до победата и пласманот во следната фаза.