Надал пристигна во Мајорка и одби да прави забава по освојувањето на рекордната титула

283

Рафаел Надал пристигна во Мајорка и одржа прес-конференција по освојувањето на 21. Гренд слем титула.

Иако шпанскиот тенисер испиша историја, сепак беше скромен пред новинарите. Тој нема да прави голема забава по освојувањето на Австралија опен.

„Победата ќе ја прославам со семејството. Нема да има голема забава поради коронавирус. Мора да бидеме внимателни“, изјави Надал, кој најави дека допрва ќе одлучи како ќе изгледа неговиот календар за следните настапи.

Шпанецот го освои првиот трофеј по Ролан Гарос во 2020 години и поведе на вечната листа пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

ПретходноДончиќ постигна 40 поени, па призна: Јас сум виновен, донесов две глупави одлуки (ВИДЕО)
СледноЛапорта отворено за Дембеле: Не сакаше ништо!