Кошаркарите на Далас се поразени на домашен терен од Оклахома со 120-114 по продолжение и покрај одличната партија на Лука Дончиќ. Словенецот зад своето име запиша 40 поени, шест скока и десет асистенции, но сето ова не беше доволно да се урне противникот.
Тандерси ги имаа расположените Дорт-Мен, заедно постигнаа 59 поени.Ова беше неизвесен меч, Оклахома во продолжението беше подобра со 17-11.
И покрај 40 поени, по мечот Дончиќ ја презеде вината.
„Не знак да го објаснам резултатот: Јас сум виновен за поразот. Донесов две глупави одлуки во последните два напади. Не требаше тоа да се случи. Ја одиграв најлошата дефанзивна средба. Јас сум виновен за поразот“, рече Словенецот.
ЛА Лејкерс го преживеа Портланд, совладувајќи го со 99-93. Двете екипи беа доста ослабени, бидејќи Лејкерси играа без Леброн Џејмс, на другата страна Лилард не беше во составот на Портланд.
Ентони Дејвис со 30 поени и 15 скока го предводеше својот тим, Кармело Ентони запиша 24 поени. На другата страна Норман Пауел имаше 30 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Далас – Оклахома 114:120
Хјустон – Кливленд 115:104
Њујорк – Мемфис 108:120
Бостон – Шарлот 113:107
Филаделфија – Вашингтон 103:106
Индијана – Орландо 118: 119
ЛА Лејкерс – Портланд 99:94
Јута – Денвер 108:104
Сакраменто – Бруклин 112:101