Сензационално: Боксот и фудбалот ќе “летаат“ од Олимписките игри!

382

Како што информира угледниот „Тајмс“, Меѓународниот олимписки комитет, има и тоа каква намера да го откачи боксот од Олимписките игри. И тоа најверојатно ќе се случи на Олимијадата во Лос Анџелес во 2028 година.

Ова е поради фактот дека аматерскиот бокс е тотално неинтересн за публиката, но и за ТВ мрежите. Покрај боксот, МОК има намера да ги укине и спортовите како модерен петобој и дигање на тегови.

Сепак најголемо внимание привлекува информацијата дека МОК има намера и фудбалот како спорт да го откачи од својата „програма“. Сепак ова ќе оди малку потешко, но има и еден услов.

Имено ако ФИФА успее да ја “прогура“ својата идеја да има СП или Мундијал на секои две години, тогаш, барем според „Тајмс“, фудбалот и дефинитивно нема да го има на Олимпијадите.

ПретходноЗлатан го пропушта саботното супер – дерби против Интер!
СледноШок во Пекинг: Една од најголемите ѕвезди на ОИ е позитивна на Ковид-19!