Џени Сиказве, скандалозниот главен судија на натпреварот од Африканскиот куп на нации меѓу Тунис и Мали (0:1), излезе во јавноста да објасни зошто предвреме го завршил натпреварот.
„Беше многу топло, нивото на влажност беше околу 85%. Кога се загреав ми стана тешко. Колку и да испив вода, секогаш ми се чинеше дека сакам повеќе. Но, ние, судиите, се сметаме за војници кои мора да одат да се борат. Во второто полувреме почнав да губам ориентација. Не слушнав никого. По некое време, почнав да гледам дека луѓето се обидуваат да ми објаснат дека ја завршив средбата. Многу чудна ситуација. Сум видел луѓе кои ја извршиле својата должност и се враќаат во своите земји во ковчези. Бев многу блиску до тоа. Имам среќа што не паднав во кома. Лекарите ми рекоа дека телото не се оладило. Уште малку, и ќе паднев во кома, и тоа ќе беше крајот. Мислам дека Бог ми рече да ја завршам средбата. Тој ме спаси“, рече судијата.