Европската куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука која ќе важи за сите натпреварувања кои се во нејзина организација, и во кои ќе можат да учевствуваат само вакцинирани фудбалери.
Оваа одлука ќе биде официјализирана наскоро, а веќе се испратени и насоки во клубовите кои ќе учевстуваат во елиминационите фази од Лигата на Шампионите, Лигата на Европа, и Конференциската лига.
УЕФА планира ова да стане пракса што значи дека невакцинираните фудбалери нема да можат да настапуваат речиси никаде.