Фановите на Лацио против Лотито: Доста е веќе, 18-години години срамота и злоставување! (ВИДЕО)

318

Убаво им беше и просто уживаа на крајот на 90-те години од минатиот век кога Лацио го имаше веројатно најзвучниот тим во светот. Милиони се “фрлаа“ во засилувања, а фановите на Лацио беа горди и просто уживаа. Но тогаш беше Крањоти газда, а сега е Лотито прв човека на клубот кој нема намера адекватно да се засили. Прво си имаше проблеми со тренерот Сари, а денеска околу 500 фанови на тимот, протестираа против својот претседател за лошиот зимски преоден рок.

Тие извикуваа пароли дека доста им е веќе срамота и злоставување на клубот од страна на Лотито кои траат веќе 18 години. Исто така тие не кријат дека за нив Крањоти бил вистински претседател а не Лотито.

Веројатно тоа е вистина дека Лацио веќе неколку сезони нема купено играч од светска класа, но исто така е вистина дека Лацио под водство на Лотито е единствен клуб во Серија А кој нема проблеми со финансиите.

ПретходноСупер засилување за “гипсарите“: Мурати до јуни во Ренова!
СледноЗлатан го пропушта саботното супер – дерби против Интер!