Челзи во следниот преоден рој ќе се обиде да го донесе Едер Милитао. Лондскиот тим е во потрага по нови играчи во задната линија, бидејќи ќе остане без тројца играчи. На Сезар Азпиликуета, Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер влегуваат во последните шест месеци од договорите.
Мадриски АС тврди дека Томас Тухел од раководството на клубот бара да го донесат бразилскиот фудбалер.
„Челзи го контактираа Реал Мадрид за да ја исполнат неговата желба. Милитао има една од најмалите плати во Реал Мадрид, но лесно може да добие покачување. За Челзи ова ќе биде тешка задача бидејќи шпанскиот тим не планира да го продава Едер по заминувањето на Рамос и Варан“, се вели во текстот на АС.
Милитао во Реал дојде во 2019 година од Посто за 50 милиони евра. На почетокот беше резерва, но потоа стана еден од клучните играчи. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 60 милиони евра.