Иако свеченото отворање на ЗОИ во Пекинг е утре, сепак ОИ веќе почнаа во некои спортови, како хокеј на мраз за жени.
Од друга страна шок – иформација доаѓа попладнево од Пекинг. Имено Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, кој требаше да биде една од најголемите ѕвезди на Олимпијадата е позитивен и за него ОИ завршија уште пред да почнат. Тој требаше да се натпреварува во нордиска комбинација (ски скокови и нордиско трчање) и беше главен кандидат за златниот медал.
Да кажеме дека тој е победник на последните три Светски купови и дека беше во супер форма, но сепак ќе мора оваа Олимпијада да ја пропушти.