Во заостанатиот меч од 13.коло кошаркарите на Еуро Никел 2005 стигнаа до многу важна победа на домашен терен, во „Јасмин“ беа подобри од скопски ТФТ со 80:74. Имаа многу помирна реализација избраницитена тренерот Горан Самарџиев, во финалните минути од играта, за седми триумф во сезоната.
Гостите од Скопје беа подобар ривал во првото полувреме, кое впрочем и го решија во своја корист со резултат (37:33).
Но таа разлика, дефинитивно беше достижна за составот од Кавадарци, кој на почетокот на вториот дел од играта, и го потврди тоа. Иако не блескаа, кавадарчани успеаја да го свртат резултатот во своја корист. И по три одиграни четвртини да имаат минимално водство (54:53).
Само како најава за возбудлива последна четвртина, во која беше и решен победникот на овој можеби според бројот на дадени поени „сиромашен“ меч, но во кој не недостасуваше, пред се, неизвесност.
И на минута и пол пред крајот, предноста на Еуро Никел 2005 беше идентична, (69:68). Следуваа две несфатливи грешки на гостинската екипа. Прво Смит „остана на обрачот“, а во следниот напад, Николовски освои една „ничија топка“ под кошот на ТФТ, за да постави (72:68), на влезот во последната минута. Продолжија лошите моменто на ТФТ со две нереализирани слободни фрлања на Костоски. А како „капак на се“ стигна тројката за побед ана Ѓекиќ, за недостижни (75.68).
Во седмата победа (од 14 одиграни мечеви), со 18 поени, Томиќ беше прв стрелец кај Еуро Никел 2005. Во финишот одлични минути имаше Ѓекиќ, кој застана на бројката од 17. реализации додека пак 14 дојдоа од Калахан.
Кај ТФТ, Ташовски и Хортон дадоа по 14, поени, Костоски 13, а Бишоп уште десет поени, недоволно да се „побегне“ од седмиот пораа, по што сега се израмнети (7-7) во првенствениот скор со Еуро Никел 2005.