Ристе Јанков заминува во Каспиј

801

Македонскиот репрезентативевн голман, и член на тимот на Работнички Ристе Јанков, ќе ја продолжи својата кариера во Казахстан и ќе стане дел од екипата на Каспиј.

Спортмедиа ексклузивно дознава дека голманот ги договори сите детали со овој клуб, како и самиот Работнички и дека Јанков на пролет дефинитивно ќе стане интернационалец.

Тој е стандарден на голот на Работнички веќе извесен период, беше дел од У21 репрезентацијата, а сега е дел и од А националниот тим на Македонија.

Јанков долго време ја чекаше својата шанса, конечно и ја дочека, па овој трансфер е само награда за добрите настапи во домашниот шампионат. Постоеше опција тој да замине во Војводина, односно во Бугарскиот тим Берое, но Каспиј и Казахстан во моментов очигледно се најдобрата опција за перспективниот голман.

 

ПретходноДолгот на Металург е 90.000 евра: Блажевска ќе бара поддршка од РФМ и ЕХФ, клубот нема да згасне!
СледноИграа на минус 16: Двајца фудбалери на Хондурас добија хипотермија за време на мечот со САД