Еден Азар во Реал Мадрид дојде од Челзи и требаше да биде главна ѕвезда во тимот, но поради четитите повреди и лошата форма, не успеа во тоа.
Тој повеќе време мина по рехабилитации отколку на тренинг, но и кога е здрав, тој не е во прв план кај Анчелоти. Вака беше и во Куп дуелот, кој „кралевите“ беа поразени од Атлетик Билбо. На оваа средба Азар остана на клупата.
Според шпанските медиуми тој не е задоволен од односот на Анчелоти, но и од атмосферата во соблекувалната. Токму затоа побарал состанок со тренерот на Реал, да го искаже своето незадоволство надевајќи се дека неговиот статус ќе се промени.
Азар во првенството има одиграно 14 натпревари, осум од нив ги почна како стартер, не успеа да се запише во листата на стрелци, има само една асистенција.