Муслиу имаше фантастично деби во „Цвајте“: „Петарда“ без примен гол против Нирнберг

2387

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу имаше извонредно деби во дресот на германскиот второлигаш Инголштад. „Фенерџијата“ во 2. Бундеслига вечерва одигра маестрален меч на гости кај Нирнберг славејќи со 5:0, што беше само трета победа на клубот оваа сезона.

Муслиу дојде во Инголштад во зимскиот преоден рок и вечерва го одигра својот деби меч за тимот, кој ќе има тешка задача да избори опстанок во второлигашкото друштво. Муслиу покажа дека може да биде лидер во одбраната на Инголштад кој ќе се обиде пролетва што почесто да остане со „чисти мрежи“.

 

ПретходноДејвис: Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е!
СледноГеоргиевски: Ќе ни треба време, мора да најдеме начин да се издигнеме