Даниел Аврамовски е пред потпис со Сараево. Овој трансфер се најавуваше уште пред две недели, но тоа како да пропадна, се до денеска. Имено како што велат медиумите во БиХ, но и извори од таборот на “бордо“ клубот од Сараево, Аврамовски е многу блиску до потпис со клубот каде што шеф на струката е нашиот Александар Васоски. Тој се најавува како големо засилување за Сараево.
И двајцата, Аврамовски и Васоски, одлично соработуваа во Вардар кога пред две години нашиот најтрофеен клуб ја освои својата последна титула.