Вардар 1961 тргна со пораз во СЕХА во дебито на Давид Дејвис (ФОТО)

288

Вардар 1961 со пораз ја отвори новата сезона во СЕХА-лига, откако на домашен терен беше совладан Нексе од 24-25 (11-13). Ова беше деби на Давид Дејвис на клупата на „црвено-црните“, засега шпанската магија не функционира најдобро, неговите момци одиграа под нивото.

Вардар 1961 имаше шанса за реми, Моралес промаши во финишот. Мартин Томовски запиша шест интервенции, Диниров и Моралес со по пет погодоци беа први стрелеци. Кај гостите Мелиќ имаше шест гола.

Македонскиот првак во првото полувреме не одигра според вкусовите на фановите, ниту пак Давид Дејвис. Нексе доминираше во овој дел од мечот, поведе со 1-3, без проблем одржуваше позитива од три гола, а имаше и плус четири (7-11). Не функционираа „црвено-црните“, одбраната не беше цврста, а ниту голманите не беа на ниво на задачата. Почна Борко Ристовски (имаше само една одбрана), на негово место влезе Мартин Томовски и го подигна тимот.

Репрезентативниот голман запиша интеревенција од седум метри, а кон крајот на првиот дел, Вардар со серија од 4-0 дојде до првото водство на мечот (15-13) беше во 36 минута. Постот кај гостите го прекина Кавчиќ. Актуелниот македонски првак имаше плус два и во 37. минута (16-14), но Нексе се врати целосно во мечот, израмни на 16-16.

Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше гол за гол. На стартот на последните 10. минути, Вардар 1961 со два гола во низа на Талески и Дибиров, одново го врати водството (22-21), имаше шанса и за плус два.

Нексе во 56. минута со погодоците на Кузмановиќ и Мелиќ поведе со 23-24, Дејвис повика тајм-аут, но на голема среќа на другата страна не ги стигна казна, Моралес изедначи на 24-24 за голема драма.

Вејн го најде патот за 24-25, Вардар не искористи напад за реми, ударот на Моралес не заврши во мрежата на гостите.

ПретходноЧеферин: Мундијал на две години нема да има
СледноЕ.Пелистер како во „транс“: Вчера го победи Охрид, денеска Скопје