Георгиевски: Ќе ни треба време, мора да најдеме начин да се издигнеме

165

Вардар лошо ја отвори сезоната во СЕХА Гаспром лигата. На домашен терен „црвено-црните“ потклекнаа пред хрватски Нексе, а по мечот разочарувањето не го криеше и искусното крило, Гоце Георгиевски.

„Очекувавме победа, се надевавме на неа. Имаме нов тренер, сосема нов систем и навикнувањето на сето тоа сигурно ќе бара време. Некои од нашите играчи се уште отсуствуваат и тоа беше видливо. Ни претстојат многу натпревари до крајот на сезоната и мора да најдеме начин да се издигнеме и да се подготвиме за она што ни претстои“.

ПретходноМуслиу имаше фантастично деби во „Цвајте“: „Петарда“ без примен гол против Нирнберг
СледноСерија А нема да прави пауза за време на СП во Катар, клубовите одат на турнир во САД?