Густаво Појет e новиот селектор на Грција

141

Некогашниот уругвајски репрезентативец Густаво Појет е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција. Појет е поранешен тренер на Бордо, англиските Брајтон и Сандерленд, а работеше и во АЕК од Атина, а последен клуб му беше Универзитат Католика од Чиле. Уругваецот е посочен како наследник на холандскиот тренер Јон ван Шип кој си замина од кормилото во ноември. Од Појет се бара да ја зајакне репрезентацијата и да ја однесе на ЕП 2024 година.

Појет може да се пофали со освојување на третата англиска лига со Брајтон и промоција во Чемпионшип во 2011 година како и трофејот од Суперкупот на Чиле во 2020 година. Во 2011 беше прогласен за тренер на годината во англиската Лига 1.

 

 

 

ПретходноУбедлив пораз на Ѓорческа од Гарсија во Манакор!
СледноБрегалница остана без “генералка“ пред стартот на пролетниот дел!