Дејвис: Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е!

243

Давид Дејвис не успеа со победа да дебитира на клупата на Вардар 1961. Македонскиот првак вечерва против Нексе изгледаше далеку од посакуваното ниво, беше поразен со 24-23 на првиот меч од новата сезона во СЕХА-лига.

„Трениравме овој месец, дел од играчите беа со своите репрезентации и доцна се приклучија. Сите бевме нервозни на овој прв натпревар. Ќе мора да промениме многу работи, не бевме најдобри. Екипата играше добро и јасно знаеме што ќе играме во иднина. Генерално сум задоволен. Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е. Нè чека уште многу работа со тимот“, рече Дејвис по натпреварот. 

Вардар овој викенд го чека меч од Супер-лигата против Т.Пролет.

ПретходноЧелзи му понуди и двојно повисока плата, но тој се уште не е задоволен
СледноМуслиу имаше фантастично деби во „Цвајте“: „Петарда“ без примен гол против Нирнберг