Египет бара финалето да се игра во понеделник бидејќи се преморени

329

Египќаните се жалат дека нема да имаат доволно време да се опорават и да се подготват за финалето на Африканскиот куп на нации против Сенегал закажано за в недела. Фудбалскиот сојуз на Египет официјално побара мечот за титулата да се пресели во понеделник.

Египќаните сметаат дека Сенегалците се во привилегирана позиција бидејќи полуфиналниот натпревар го одиграа во среда, а Египќаните во четврток. Дополнително, Египќаните ги одиграа сите три натпревари од нокаут фазата со дополнителни 30 минути продолжение, додека Сенегал ги победи сите ривали по 90 минути.

На претходното издание на Купот на африкански нации, двете полуфиналиња се одиграа во ист ден.

„Побаравме од Африканската фудбалска конфедерација (CAF) да го премести финалето во понеделник за да имаме уште еден ден да се опоравиме и да го победиме Сенегал“, изјави помошниот тренер Диа Ал-Сајед, кој ќе седи на клупата наместо селекторот Карлос Кеирош, бидејќи Португалецот доби црвен картон во полуфиналето против Камерун.

Египќаните се надеваат дека ЦАФ ќе им излезе во пресрет.

ПретходноФутсал ЕУРО 22: Португалија ќе го брани европскиот трон во финале против Русија
СледноБарди одигра 67. минути во новата катастрофа на Леванте (ВИДЕО)