Клиперс во луд финиш ги победија Лејкерс во дербито на Лос Анџелес

152

Тимот на Лос Анџелес Клиперс забележа победа над соседот Лејкерс во најинтересниот меч вечерва во НБА лигата. Клиперс водеа во текот на трите четвртини, но Лејкерс се вратија во финишот. На 12 секунди до крајот постигнаа кош за водство од 110:109. Но во следниот напад Реџи Џексон одигра фантастичен напад, влезе под кошот направи ролинг и постигна кош за победа од 111:110.
Тоа е втора победа на Клиперс по ред над Лејкерси, а најефикасен кај победничката екипа беше Морис Маркус со 29 поени, а Џексон заврши со 25. Кај Лејкерси Антони Дејвис постигна 30 поени со 17 скокови.
Клиперс имаат изедначен скор 27-27, додека Лејкерс 25-28. Лејкерс имаат само една победа на последните пет натпревари.

ПретходноШок за Реал – прими гол во 89. минута и испадна од Купот! (видео)
СледноХокс им ја прекинаа серијата од 11 победи на Феникс