Левандовски убеден: Баерн е прв фаворит за пехарот во Лигата на шампиони

92

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е убеден дека негоиот тим е главен фаворит за пехарот во Лигата на шампиони.

Баварскиот гигант во осминафиналето ќе се игра против Салцбург.

„Ние сме главни фаворити за трофејот. Погледајте како играме и каков тим имаме. Јасно е дека сме меѓу најдобрите тимови во Лигата на шампиони. Најважно е да бидеме здрави за одлучувачките дуели и да бидеме во најдобра форма во вистински момент“, изјави Левандовски.

Баерн во финалето на ЛШ го победи ПСЖ со 1-0 во 2020 година, додека актуелен првак е Челзи.

ПретходноИбрахимовиќ по доза адреналин пред дербито со Интер (ФОТО)
СледноДе Геа играч на месец јануари во Премиер лигата