Дефанзивецот на Пари Сен Жермен Серхио Рамос нема да може да и помогне на екипата на првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Според француските медиуми, 35-годишниот шпански дефанзивец е повреден и не се знае кога ќе се врати на терените. Рамос ќе го пропушти првиот дуел со Реал, инаку негов поранешен клуб што ќе се одигра на 15 февруари во Париз, а не се знае дали ќе може да игра на реваншот на „Бернабеу“ на 9 март.
Поради повреда Рамос пропушти неколку натпревари на стартот на сезоната, а потоа одигра пет натпревари во кои постигна и еден гол.
Кога сме кај ПСЖ да напоменеме дека клубот ги пријави фудбалерите за вториот дел од сезоната во ЛШ, а го списокот е исклучен Хуан Бернат. Тој поголем дел од есенската полусезона беше повреден, а се врати некаде на средината на октомври и одигра седум натпревари во Лига 1 и еден во Купот.