22-годишниот хрватски дефанзивен играч за врска, Амир Кахримановиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Ренова. Тетовскиот прволигаш го потврди трансферот на фудбалерот кој во Тетово доаѓа од екипата на словенечка Драва Птуј.
Кахримановиќ ќе биде одлично засилување за „гипсарите“ кои пролетва ќе имаат задача да се вклучат во најтесната битка за место во европските купови.