Само Дехари ќе ја претставува Македонија на свеченото отворање на ЗОИ!

183

Дардан Дехари не само што ќе биде знаменосец на свеченото отворање на ЗОИ во Пекинг, кое започнува во 13 часот, туку ќе биде и единствен спортист кој ќе биде дел од нашата делегација на овој спектакл на „Птичјото гнездо“.

Имено утринава информација од Пекинг е дека и Ставре Јада како и Ана Цветановска ќе бидат во во Олимпиското село поради контакт со лице кое било позитивно на Ковид-19. Тие не биле во карантин, но нема да бидат дел од дефилето.

Инаку првично Дехари и Цветановска требаше да бидат знаменосци. Потоа требаше само Дехари да биде знаменосец а Јада дел од дефилето, но сега останува само Дехари да биде знаменосец и единствен спортист во нашата делегација на свеченото отворање.

ПретходноЈокиќ и Дончиќ на НБА Ол-стар мечот во Кливленд!
СледноТомовски: Вардар секогаш имал високи дострели!