Никола Серафимов го доби дуелот со Стефан Спировски и Бојан Миовски во рамките на 19. коло од унгарското првенство. Вечерва на теренот на МТК, тимот на Серафимов Залаегерсеги славеше со 2:0 и со тоа го закова тимот на двоецот Миовски-Спировски на последното место на табелата.
Серавимов го одигра комплетниот меч за гостите, додека кај МТК, Спировски одигра 60 минути, додека Миовски ги одигра комплетните 90 минути.