Серија А нема да прави пауза за време на СП во Катар, клубовите одат на турнир во САД?

362

Раководството на италијанската фудбалска Серија А размислува да организира 20-дневен турнир кој ќе се игра за време на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година. Шефовите на Серија А на тој начин сакаат да им помогнат на клубовите да останат во натпреварувачки ритам пред преполниот распоред што ги чека по Светското првенство.

Турнирот би се играл во САД каде би пристигнале сите 20 клубови од Серија А. Тие би биле поделени во групи од каде би се обезбедувало место во нокаут-рунда. Овој мини-турнир треба да им послужи на клубовите како подготовка за продолжението на сезоната и да ги задржат во натпреварувачки ритам играчите кои не се на Мундијалот.

Директорот на Серија А Луиџи Де Сиерво и директорот за маркетинг Микеле Чикарезе вчера отпатувале за Њујорк за да се сретнат со претставници на CBS Sports, која ги има пТВ-правата за Серија А во САД. Во исто време, Де Серво и Чикарезе бараат спонзори кои би поддржале ваков турнир, кој, како што велат, нема да се совпадне со натпреварите од Светското првенство.

ПретходноГеоргиевски: Ќе ни треба време, мора да најдеме начин да се издигнеме
СледноБартомеу му платил 15 милиони евра на Атлетико (М) за играч кој никогаш не дојде на „Камп Ноу“!?