Томовски: Вардар секогаш имал високи дострели!

152

Денеска и официјално стартува новата сезона во СЕХА-лига, за разлика од останатите години, овој пат првото коло се игра дури во февруари.

Први на теренот ќе истрчааат Вардар 1961 и Нексе, меч кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот. Двата тима имаат историја на пресметки, хрватскиот тим ја доби последната пресметка со македонскиот првак, знае и како се победува во Скопје. Во 2020 година во рамките на четвртфиналето во регионалното натпреварување славеше со минимални 25-26.

Вардар 1961 не успеа да стигна до фајнл-фор завршницата минатата сезона, откако по завршување на дуелот со ППД Загреб за пласман во полуфиналето беше дисквалификуван поради позитивен тест на Ковид-19 на Борко Ристовски. Подоцна излезе дека искусниот голман бил негативен, но оваа приказна лесно беше завршена, сите се помирија со елиминацијата.

Сега актуелниот македонски првак има шанса да се избори за нов Ф4, а прв на патот во групата е Нексе. Од Вардар 1961 се очекува да игра многу подобро, особено по тренерската смена. Давид Дејвис денеска ќе дебитира на клупата, тој ќе мора да покаже дека шпанската магија секогаш носи добри времиња, така беше пред неколку години кога „црвено-црните“ испишаа историја во ЛШ, а истовремено ги подигнаа трофеите во СЕХА и во домашниот шампионат.

Шпанецот се пожали дека триото Гаџа, Валчак и Чувара се приклучиле многу доцна, но има доволно широк ростер за да дојде до првата победа како тренер на македонскиот првак.

„Нексе секогаш бил тим што играл добро против Вардар. Знам дека и сега тие ќе бидат исто така конкурентни. Имаат многу хрватски играчи и секако подолго време се заедно. Но, Вардар секогаш играл на максимум, па така и сега. Ние сме подготвени максимално за ова што не очекува сезонава во СЕХА лигата“, изјави Мартин Томовски. 

ПретходноСамо Дехари ќе ја претставува Македонија на свеченото отворање на ЗОИ!
СледноУбедлив пораз на Ѓорческа од Гарсија во Манакор!