Футсал ЕУРО 22: Португалија ќе го брани европскиот трон во финале против Русија

178

Актуелниот европски и светски првак Португалија и третопласираната селекција од последното Футсал Еуро пред 4 години, селекцијата на Русија, ќе играат во големото финале на Европското првенство во Холандија.

Русите во првото полуфинале славеа над Украина во еден исклучително возбудлив и тензичен натпревар со 3:2, откако имаа константна предност (2:0, па 3:1), а Украина на моменти се враќаше во живот.

Во уште подраматично полуфинале, Португалците со фантастичен пресврт славеа над Шпанија со 3:2. Шпанците имаа предност од 2:0 на 11 минути пред крајот на мечот, но Португалија со голови во 29, 32 и 39 минута успеа да направи целосен пресврт и да обезбеди шанса да го брани европскиот наслов.

Финалето е на програмата во недела.

ПретходноРенова го промовираше Кахримановиќ
СледноЕгипет бара финалето да се игра во понеделник бидејќи се преморени