Хокс им ја прекинаа серијата од 11 победи на Феникс

99

Тимот на Атланта Хокс забележаа голема победа над Феникс со 124:115 во НБА лигата во меч во кој Треј Јанг имаше дури 43 поени. Хокси долго време беа при дното, сега имаат седум победи во последните осум натпревари и се искачија во зоната која води во разигрување за плеј-оф.

А Феникс кој е лидер на табелата на Западот го забележа првиот пораз после 11 едноподруго победи во лигата.

Единственото продолжение е видено во победата на Торонто над Чикаго, а Никола Вучевиќ (Чикаго) одигра маестрална партија со 30 поени и 18 скокови. Де Розан (Чикаго) заврши со 28 поени. Кај победничката екипа најефикасен беше Сикам со 25 поени.

Во другите натпревари: Минесота-Детроит 128:117, Мајами Хит – Сан Антонио 112:95, Голден Стејт – Сакраменто 126:114, Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 111:110.

 

ПретходноКлиперс во луд финиш ги победија Лејкерс во дербито на Лос Анџелес
СледноДенеска, свечено отворање на ЗОИ 2022