Брентфорд објави рекордна продажба на дресови по трансферот на Ериксен

387

Трансферот на Кристијан Ериксен како слободен играч донесе сериозен удар за Брентфорд. Но во позитивен смисол. Младиот англиски клуб се пофали со рекордна продажба на дресови со името на данскиот интернационалец само неколку денови откако е потпишан договор.

„Пчеличките“ му дадоа шанса на Ериксен да се врати на терените по долгиот период на рехабилитација после онаа страшна несреќа за време на мечот Данска – Финска на ЕУРО 2020. Поради срцев застој Данецот беше на работ на живот или смрт, а докторите успеаја да го спасат. Во меѓувреме тој го напушти Интер, тренираше со неколку клубови за да ја поврати формата и потпиша договор до летото со Брентфорд.

Тоа се покажа и како брилијантен маркентинг трик на клубот, а по објавувањето на трансферот добил порачки на дресови со името на Ериксен од 21 различни држави во рамките на 24 часа. Тоа бил најуспешниот ден во продажба на дресови во историјата на клубот.

Тој ден имало 30 пати повеќе порачки отколку претходно за една година.

Порачки на дресот на Брентфорд со името на Ериксен имало од САД, Австралија дури и од Гренланд. Најмногу биле од Данска и Англија.

ПретходноЛегенда на „нероаѕурите“: „Овој Милан нема шанси да го победи Интер“
СледноКапитенот на Камерун: Изгубивме затоа што секој сакаше да „глуми“ ѕвезда