Е.Пелистер во два дена запиша две победи во Супер-лигата. По вчерашниот триумф над Охрид, избраниците на Жељко Бабиќ денеска го совладаа Скопје на гостински терен со убедливи 17-32.
Домашниот состав беше рамноправен противник само во првото полувреме, во кое имаше и водство од два ола (12-10), но искусниот состав на Е.Пелистер набрзина се погрижи на одморот да има минимална позитива од 13-14.
Битолчани „нагазија“ во продолжение, вториот дел од постигнаа 18 поени, на другата страна Скопје запиша само три гола.
Костески имаше шест погодоци, по три постигнаа Кукуловски, Мандалиниќ, Обрадовиќ и Павлетиќ. Кај домашниот тим Василевски Филип и Александар реализираа по три гола, исто колку и Киселовски.