Луис Диаз пристигна во Ливерпул (ВИДЕО)

169

Откако ги обави обврските со националниот тим на Колумбија, Луис Диаз конечно пристигна во таборот на Ливерпул, неговиот нов клуб. Тој потпиша зимава, и досега не не беше во можност да се приклучи затоа што беше доведен на последниот ден од преодниот рок.

Поранешниот крилен напаѓач на Порто, за кого Ливерпул ќе плати 45 милиони евра плус 15 милиони бонуси, беше срдечно пречекан од менаџерот на тимот Јирген Клоп и неговиот помошник Пеп Линдерс.

ПретходноПиоли: Да докажеме дека можеме и без Златан
СледноЧеферин: Мундијал на две години нема да има