Крај на сагата околу Осман Дембеле. Иако Хоан Лапорта бараше од него да си оди по секоја цена, сепак последениот збор го имаше тренерот Чави кој одлучи контроверзниот напаѓач да остане во тимот до крајот на сезоната. Тоа значи дека Чави ќе смета на услугите на Дембеле до крајот на оваа сезона.
Французинот требаше да си оди, се поврзуваше со трансфер во повеќе клубови, но сепак тој останува на “Кам Ноу“ и тоа официјално барем до јуни. И тогаш како слободен играч ќе може да си оди во кој клуб сака.