Феникс посилен за Ерик Дејвис Џуниор

155
Македонскиот кошаркарски прволигаш, тимот на Феникс од денеска е посилен за интернационалецо од САД, Ерик Дејвис Џуниор кој потпиша договор да го носи дресот на овој тим до крајот на тековната сезона.
Станува збор за 193 сантиметри висок бек кој потекнува од Универзитетот Тексас, а бележи и европско искуство настапувајќи во Германија односно Србија.
Во германското првенство на 10 одиграни натпревари за Оринџ Академи постигна просек од 12.7 поени и 3.0 асистенции, додека во Србија бранејќи ги боите на Младост Земун постигна 17.2 поени, 4.4 скока и 3.0 асистецнии на 13 одиграни.
ПретходноКејн го фали својот „шеф“: Конте е супер тренер!
СледноИбрахимовиќ по доза адреналин пред дербито со Интер (ФОТО)