Преговорите меѓу Челзи и Антонио Ридигер продолжуваат, но двете страни се уште се далеку од договор. Лондончани сакаат да го задржат дефанзивецот чиј договор истекува на крајот на сезоната, но Ридигер сака да му биде зголемена платата.
Интересот за него е голем, а Германецот сега може да преговара и со други клубови.
Ридигер моментално е платен 100.000 фунти неделно. Првата понуда за продолжување на договорот беше за зголемување до 140.000 фунти неделно, но беше одбиена. Лондончани наводно ја зголемиле понудата, па сега на Германецот му нудат речиси 200.000 фунти неделно. Сепак, и оваа понуда не била доволна за да го убеди Германецот да остане на „Стемфорд Бриџ“, па прашање е дали Челзи ќе достави уште една подобрена деновиве.