Првиот човек на УЕФА, Александр Чеферин јасно и гласно кажа што мисли околу идејата Мундијалите да се играат на две години, а не како досега на четири.
„Тоа никогаш нема да се случи. Се коси со сите правила и норми на функционирање, и на машкиот но и на женскиот фудбал, како и воопшто на олимписките спортови. Тоа е идеја која нема да заживее никогаш“ – изјави Чеферин.
Инаку ваквата идеја е форсирана од страна на ФИФА, но пред се Арсен Венгер.