Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев е прогласен за најдобар спортист на општина Струмица за 2021 година. Во организација на локалната самоуправа, Милев кој е капитен на актуелниот одбојкарски првак ОК Струмица 47&72 ја доби наградата за најдобар репрезент на градот.
ОК Струмица 47&72 го доби признанието за најдобар спортски клуб во Струмица за минатата година, додека актуелниот предводник на тимот, Кире Ричлиев ја доби и наградата за најдобар тренер.