Дембеле веќе го одбрал новиот тим!

408

Осман Дембеле во јануари ги одби сите понуди кои Барселона ги доби за него. Францускиот фудбалер не сакаше да ги напушти редовите на каталонскиот гигант, па на лето ќе може да си оди како слободен играч.

Мундо Депортиво пишува дека 24-годишниот офанзивец веќе има постигнато договор со ПСЖ. „Светците“ го сакаа и во јануари, на Барселона и нудеа двајца фудбалери, но веднаш беа одбиени.

Дембеле кога ќе го напушти каталонскиот гигант ќе замине во историјата на клубот како еден од најскапите промашувања.

Во Барселона дојде во 2017 година од Борусија Дортмунд за 145 милиони евра, во пет години повеќе време мина надвор од терените поради повредите, но и поради бројните глупости кои ги правеше.

ПретходноТројцата браќа Антетокумбо ќе учествуваат на Ол-Стар викендот
СледноДенеска родендени слават Роналдо, Нејмар, Тевез, Хаџи, Ван Бронкхорст…