СПЕКТАКЛ ВО НБА: Дончиќ се пожали за обрачот, српскиот џин го поправи (ВИДЕО)

8771

Далас ја совлада Филаделфија со 107-98, а во центарот на вниманието се најде Бобан Марјановиќ. Откако во една прилика по погодената тројка Лука Донлиќ се пожали дека со обрачот нешто не е во ред, на сцена настапи највисокиот играч на Маверикс.

Откако судиите немаа решение за овој проблем, Марјановиќ одлучи да ги земе работите во свои раце и од земја го поправаше кошот. Се „обеси“ за обрачот и почна да ја поместува целатта контрукција, едноставно ги остави без збор сите во салата.

Сиксерси го споделија овој момент и се обидоа да се пошегуваат, прашаа дали Марјановиќ е слободен да им закачи телевизорите. По ова следеше одговор, Далас им врати дека српскиот џин не е слободен.


На оваа средба Дончиќ одново беше број еден. Тој дојде до 44. трипл-дабл во својата кариера и се најде на десетото место на вечната листа во НБА-лигата. Дуелот го заврши со 33 поени, 15 асистенции и 13 скока.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Бостон 93: 102
Индијана – Чикаго 115: 122
Шарлот – Кливленд 101:102
Торонто – Атланта 125: 114
Сан Антонио – Хјустон 131:106
Денвер – Њу Орлеанс 105:113
Јута – Бруклин 125: 102
Далас – Филаделфија 107:98
Портланд – Оклахома Сити 93:96

ПретходноМадрид „преплавен“ со фотографии од Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)
СледноСтавре Јада и Ана Цветановска „скоцкани“ во „црвено-жолтата“ боја (ФОТО)