Френк Лампард само што седна на клупата на Евертон, веднаш воведе строга дисциплина кај “карамелите“. Некогашниот супер – стар на Челзи и репрезентацијата на Англија, екс- стратег на “сините“ од Лондон, покажува веднаш кој е шеф на „Гудисон“. Имено како што известуваат медиумите на Островот, тој парично казнил играч на Евертон затоа што среде тренинг ги врзал одврзаните врвки на своите копачки.
“Тоа е веројатно најскапото врзување на врвките во историјата“ вели еден неименуван извор од Евертон.
Инаку Лампард го одреди списокот со парични казни.
Доцнење на тренинг е 1.000 фунти, користење на мобилен за време на состанок – 2.000 фунти, додека избегнување на враќање со екипата после натпревар- 5.000 фунти.
Нема шега со овој Лампард…
Интересно за крај. Сите казнети играчи мора да го донесат кешот кај Лампард, а потоа тој ги уплаќа тие пари во добротворни цели.